Првиот тенисер на светот Рафаел Надал се пласираше во полуфиналето на турнирот во Мајами откако го совлада Милош Раониќ со 4-6, 6-2, 6-4.
Надал го заврши мечот со 24 директни поени и 26 неизнудени грешки, додека Раониќ имаше 28 винери и 46 неизнудени грешки.
Шпанецот дојде до победата по два часа и 35 минути, а во полуфиналето ќе се сретне со Томаш Бердих против кого има одличен резултат 17-3.
Томаш Бердих стигна до полуфиналето откако во два сета 6:4, 7:6 го победи Украинецот Олександр Долгополов.
Во второто полуфинале во Мајами ќе играат Новак Ѓоковиќ и Кеи Нишикори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.