| четврток, 6 декември 2018 |

Проговори синот на капетанот во малезискиот авион: Мојот татко не е пилот-самоубиец!

Најмладиот син на пилотот Захарија Ахмад Шах, Ахмад Сет (26), е уверен дека неговиот татко не е одговорен за судбината на летот на „боингот 777“ на „Малезијан ерлајнс“. Вели дека неговото семејство досега ги игнорирално сите шпекулации, но тој го прекинал молчењето. Видно исцрпен, студентот вели дека не ги презира луѓето што го обвинуваат неговиот татко, но дека е убеден во неговата невиност.

– Не бевме толку блиски бидејќи често патуваше, но го разбирам. Сега ја чекаме потврдата. Ќе верувам дека сите се загинати кога некој ќе ми стави доказ пред очи – вели Ахмад.
Неговата мајка Канум Мустафа Кан, братот Ахмад Идрис и сестрата Ајша не разговараат со медиумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top