Пред точно 15 години, во Буџановци, Војводина, Третата дивизија, 250. бригиада на противвоздушната одбрана, која ја командуваше Золтан Дани, го урна „ноќниот сокол“. Првите бомби на НАТО беа фрлени на Југославија на 24 март 1999 година, а само три дена подоцна, на 27 март на земја се урна надалеку познатиот „невидлив“ F-117A .
Овој авион, кој не е видлив за радар, е опремен со два турбомотора и со четиристепена контрола на летот. Носи различно вооружување и има современ навигациски систем. Со „ноќниот сокол“ управуваше пилот на американската војска, Дејл Зелко, кој се катапултираше и остана жив.
Цената на F-117A, кој од 1982 година до 1990 година го произведуваше американската компанија „Локид“ изнесуваше 45 милиони долари. Aвионот е долг 20,3 метри, висок 3,8 метри со распон на крилата од 13,3 метри, а постигнува максимална брзина од 0,9 маха.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.