Поранешниот секретар и сегашен член на Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Ѓоко Танасоски ќе биде на седмото место на кандидатската листа за пратеници од СДСМ во петтата изборна единица, јави порталот „Охрид тајмс“ повикувајќи се на извори во партијата.
Досегашниот пратеник Митре Вељаноски, кој првично беше најавен на новата кандидатска листа, наводно се откажал од пратечничката функција. Кои се причините заради ова се уште не е познато.
Инаку ова не е прв пат СДСМ да менува веќе објавени листи. Истото се случи минатата година, кога најпрво на прес конференција беше најавена една листа, за потоа на старотот од кампањата преќутно во Свети Наум на местото од Драган Пандески да се појави Верица Хајба. Промената тогаш настанала по долги натегања и кавги за листата на советници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.