| четврток, 6 декември 2018 |

Опозициски новинар и политичар признаа дека би било штета пратеник на ВМРО – ДПМНЕ да ја напушти политиката

 

 

За време на интервјуто на порталот Нова каде гостуваше заменикот претседател на лидерот на СДСМ, Радмила Шекеринска и новинарката Секуловска и Шекеринска индиректно признаа дека би било штета за македонската политика ако од неа се откаже пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ и екс министер за надворешни работи Антонио Милошоски.

Обидувајќи се да ја праша Шекеринска дали не би било штета што таа не е на кандидатските листи за пратеници Секуловска искажува почит за способноста и талентот на Милошоски кој на минатите избори беше носител на ВМРО – ДПМНЕ во петтата изборна единица.

Иако видеото е дополнително монтирано во неколку наврати, од овој дел на интервјуто сепак јасно се гледа дека Секуловска го фали претседателот на комисијата за надворешна политика на собранието Милошоски.

Вие сте политички едуцирана, имате искуство веќе стекнато, се работи и за талент како и многу политичари од ВМРО –ДПМНЕ, но со тек на времето многу од вас СДСМ или ВМРО – ДПМНЕ се едуцирале. Слично на пример Антонио МИлошоски кога би се откажал би била штета голема веројатно за политичкиот живот во Македонија, без разлика дали делите еднакви политички ставови“ ја прашува Секуловска гостинката

На ваквиот став на Секуловска Шекеринска воопшто не реагира туку продолжува со својот одговор во кој вели дека не би било во ред  да зборува за нов пристап и нова политика и да е на на листа за пратеници а некои други да не се. 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top