Шведската пошта пушти во продажба марки со ликот на Златан Ибрахимовиќ. Со оглед на тоа дека Ибра е светска ѕвезда, неговите верни навивачи и колекционери со нетрпение ја чекаат оригиналната серија.
– Французите се посебно заинтересирани. Се работи за големиот Златан – изјави директорката на поштата, Брит Ингер Хане.
Таа, исто така, додаде дека еден купец порачал 1.500 пакетчиња за неговите пријатели кои живеат во Франција. Она што е интересно е дека три од петте марки се од натпреварот Шведска – Англија, на кој Златан ја тресеше мрежата четири пати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


