| четврток, 6 декември 2018 |

Во бродолом во Конго загинале 251 лице

бродолом

Вкупно 251 лице загинаа во бродолом во Конго. Несреќата се случила во езерото Алберт, меѓу Демократската Република Конго и Уганда.

Во ДР Конго во четвртокот почна тридневна национална жалост поради несреќата во која загинаа голем број бегалци, пренесува „АФП”.

Властите во Уганда соопштија дека успеале да пронајдат тела од 107 патници, меѓу кои и 57 деца. На бродот се превезувале бегалци од ДР Конго кои се враќале во земјата од кампот за бегалци во Уганда.

На бродот имало околу 300 патници, кои на пловниот објект се качиле од територијата на Уганда, истакнал портпаролот на владата во Конго.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top