| четврток, 6 декември 2018 |

Тимошенко ќе се кандидира за претседател на Украина

timosenko-520x346

Јулија Тимошенко денеска официјално објави дека ќе се кандидира за претседател на предвремените претседателски избори во Украина, закажани на 25 мај.

Ќе побарам на конгресот на партијата Татковина, што ќе се одржи на 29 март, да ја поддржи мојата кандидатура за највисоката функција во државата, изјави 54-годишната Тимошенко на прес-конференција во главниот град Киев.

– Јас сум должна да се кандидирам за претседател – истакна таа.

Според последните анкети на јавното мислење фаворт на изборите е политичарот и милијардер Петро Порошенко, по кого следува лидерот на партијата Удар, Виталиј Кличко, и Тимошенко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top