Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, денеска истакна дека отвораат широк фронт против дрогата која се растура на улиците во Македонија. Во рамки на акцијата „Мрежа“, МВР почна борба против уличните препродавачи на дрога.
Станува збор за поединци кои на ситно препродаваа дрога на улиците, а акцијата ќе продолжи во идниот период не само во Скопје, туку и во останатите градови на територија на цела Македонија, за каде што имаме сознанија за вакви криминални активности, посочи Јанкулоска.
По неодамнешното апсење на две лица, кај кои била пронајдена марихуана, МВР извршило претрес кај 32-годишен дилер од Скопје, кој е осомничен дека е организатор на криминалната група која препродава марихуана и амфетамини на улиците.
При претресот во неговата куќа иако дилерот не е пронајден, полицијата пронашла прибор за пакување и мерење дрога, бункери за складирање на дрогата сместени во шанк и под брачниот кревет во спалната соба, каде што е пронајдена одредена количина дрога.
Во рамки на оваа акција денеска МВР изврши претреси кај три лица, кај кои се пронајдени 5 грама марихуана, 300 семки и две цигари.
Јанкулоска истакна дека не очекуваат големи количини на дрога да бидат пронајдени кај осомничените лица, за кои има докази дека се дел од оваа криминална група, но апелираше граѓаните кои располагаат со какви било информации дека во нивното населено место се врши улична препродажба на дрога, да пријават со цел запирање на ваквиот криминал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?



