– Дојдов да зборувам со вас овде за живеачката, за секојдневието, за утре заеднички да го смениме она што не ни чини и да градиме една поинаква иднина, во една поинаква земја, земја на сите нас, граѓани на Република Македонија – им посочи на граѓаните на Росоман кандидатот за претседател од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски.
Тој нагласи дека како претседател, ќе бил активно вклучен во решавањето на проблемите на граѓаните.
Пред Росоман претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски беше во Кавадарци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.