| четврток, 6 декември 2018 |

Нова привилегија од ЕХФ за Хамбург, Паскал Хенс ќе игра против Вардар

Нова привилегија од ЕХФ за европскиот првак Хамбург со одлуката Паскал Хенс да настапи во реваншот против Вардар в недела, на 30 март.

Такво нешто е најавено во текст по изјавата на пивотот Хенрик Тофт Хансен за официјалната страница на европската ракометна федерација. Официјална одлука и објава од ЕХФ нема, но очигледно е дека Хенс, кој заработи црвен картон во дуелот по кој се повреди Тимур Дибиров, ќе игра во реваншот.

Според правилата на ЕХФ, играч што ќе добие црвен картон, автоматски треба да паузира на следниот меч. Хенс одигра одличен меч во Скопје и во ремито 28-28 постигна 5 гола и беше втор стрелец кај актуелниот европски првак, зад Шредер со 9 погодоци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top