Пилотот на исчезнатиот „боинг 777“ бил вознемирен од одлуката на неговата жена да го напушти и поради тоа бил во состојба да направи нешто лудо пред да се урне авионот во Индиски Океан, тврди Зарари Ахмад Шах, пријател на пилотот.
Пријателот, исто така, вели дека Шах бил вознемирен поради семејните проблеми и дека не бил во состојба да управува со авионот.
– Можно е ниту патниците ниту екипажот да не знаеле што се случува сѐ додека не било предоцна. Тој е еден од најдобрите пилоти и иако не сум медицински стручњак, покрај сите случувања во домот, Шах веројатно не бил во состојба да го управува авионот – вели неименуваниот пријател за „НЗ Хералд“.
Иако неговата професионална кариера е беспрекорна, долгогодишниот пријател на капетанот тврди дека неговиот личен живот му бил на пресвртница. Захари се гледаше со друга жена, но и покрај тоа беше уништен од одлуката на неговата сопруга да го напушти домот. Тој вели дека сосема е можно вознемирениот пилот да видел прилика да ги испроба високоризичните маневри кои ги усовршувал на саканиот симулатор.
Овие нови шокантни тврдења доаѓаат по известувањето дека „боингот“ на „Малезија ерлајнс“ се искачил на дури 13.700 метри веднаш по последната комуникација од кокпитот. Неименуваниот извор од авиоиндустријата за „Мејл онлајн“ изјавил дека „боингот“ на таа височина поминал 23 минути пред да почне да се спушта. Оттаму велат дека на таа висина би снемало кислород за 12 минути и потоа патниците би изгубиле свест.
„Боингот 777 ЕР“, според фабричките податоци, максимално може да лета на височина од 13.100 метри, но, како што вели неименуван стручњак, авионот веројатно може да лета и на поголеми височини, но на тие височини, каде што возухот е поредок, по само неколку минути би дошло до хипоксија или недостиг од кислород, доколку некој од екипажот рачно ја декомпресирал пилотската кабина.
Тогаш би се спуштиле маските со кислород, но таа резерва е доволна за 5-10 минути.
Друг стручњак, Рон Бишоп од Универзитетот во Квинсленд, за „Мајл онлајн“ изјавил дека падот на притисокот во кабината би ги онесвестил екипажот и патниците, а авионот би продолжил да лета без контрола пред да остане без гориво и би се урнал во океанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.