
Театар Комедија го слави својот втор роденден на 27 март, Светскиот ден на театарот. Досега се одиграни повеќе од 130 претстави, а претставите ги посетиле преку 35.000 гледачи. На денот на вториот роденден на театарот, Театар Комедија ги отвора вратите за својата публика. Вечерта на репертоарот е „Хамлет во пикантен сос“.
„Театар Комедија во овие две години оствари многубројни гостувања, а на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп освои три награди, за најдобар млад актер, за костими и за музика, и со тоа стана најнаграден театар на фестивалот за 2013 година. Досега има
гостувано на Битфест, на фестивалот на комедија во Куманово, а и имаше своја фестивалска премиера на фестивалот „Охридско лето“. Театар Комедија имаше и две меѓународни гостувања на кои се закити со престижни награди“, се вели во соопштението од театарот.
Лани Театар Комедија, во соработка со Општина Аеродром, органзираше театарско културно лето „Аеродром се смее“, кој оваа година ќе прерасне во фестивал на комедија „Гола Месечина“ финансиран од Општината и помогнат од Министерство за култура на Република Македонија и деловниот сектор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Култната „Викенд на мртовци“ премиерно на сцената на Ттеатар Комедија
-
По пауза од 25 години Коле Ангеловски повторно ја режира „Не сега, драга“, сега за шестиот роденден на Театар Комедија
-
Коле Ангеловски ја режира „Не сега, драга“ во Театар Комедија
-
Синиша Евтимов во Театар Комедија ја подготвува претставата „Жена ми се вика Борис“


