Неодамна поставен на репертоарот на Бољшој (ноември 2013), овој „авантуристички балет“, ретко претставен во минатото, сега го доживува своето повторно раѓање на сцената на познатиот театар. Креиран специјално за Бољшој, од францускиот кореограф Пјер Лакоте, „Марко Спада, или Ќерката на Бандитот“ е грандиозен и исклучителен балет на основа на техника и драматургија:
комплексна кореографија, пет насловни улоги креирани за пет солисти, неколку промени во сценографија, учество на целиот ансамбл, дури и присуство на животни на сцената… Со сцени на пантомима, ѓаволски интриги, одбиени додворувачи, киднапирање, бунтови и
недоразбирања меѓу љубовниците, Марко Спада е свеж и ведар балет кој не смеете да го пропуштите. Американскиот солист Давид Холберг, гостин на Бољшој, ќе ја изведе насловната улога на Марко Спада, додека пак руската балерина Евгениа Образцова ќе ја танцува улогата на ќерката Анѓела. Олга Смирнорва, ѕвездата на Бољшој, ја толкува улогата на незината ривалка Маркизата Сампиетри.
Марко Спада е одметник кој радосно краде во округот, веднаш под носот на Гувернерот. Тој го крие својот идентитет многу внимателно додека ја расте својата ќерка Анѓела во замокот. Анѓела не е свесна за двојниот живот на својот татко и е загрижена за својот љубовен живот. Таа копнее по принцот Фредиричи, но скршена е кога дознава дека нема да може да се омажи со него, бидејќи тој е веќе верен… Не го пропуштајте овој извонреден, ретко прикажуван балет кој неодамна беше додаден на репертоарот на Бољшој и кој повторно го оживува раѓањето на францускиот кореограф Пјер Лакоте.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.