Живеењето со родителите и по 25. година од животот, иако факултетот е завршен, а личноста работи, не е пракса само во Македонија и регионот, како што сме склони да веруваме, покажало истражувањето кое ги опфатило многу земји во Европа. Истражувањето било фрапантно – покажало дека скоро половина млади живеат со родителите.
Едно од најопфатните истражувања, спроведено во 28 земји во Европа покажало дека процентот на лицата на возраст меѓу 18 и 30 години кои живеат со родителите е 48, односно 36,7 милиони луѓе.
Податоците на европската агенција „Еурофонд’ покажуваат дека само неколку земји се имуни на тој феномен кој веќе не ги погаѓа само медитеранските земји кои се во должничка криза.
Истражувањата покажале дека повеќе лица на 20-годишна возраст од земји како Шведска, Данска, Франција, Белгија, Австрија живеат во родителскиот дом, а во Италија тој процент е дури 79 отсто.
Но, Германија, Холандија, Ирска и Велика Британија не се приклучуваат на овој тренд. Дури тие бележат и пад на бројот на младите кои не се во можност да се осамостојат.
– Ситуацијата за младите значително се промени, а тоа влијае и на нивните родители, но и баби и дедовци. Не станува збор за смена на пазарот на трудот, туку и во општеството, така што нивниот напредок е сѐ понеизвесен. Во такво опкружување, луѓето се помалку задоволни од животот, често се депресивни и се чувстуваат исклучени од општеството – вели Ана Лудвинек, една од авторките на истражувањето.
Колку повеќе младите остануваат да живеат заедно со своите родители, толку е поголема шансата да се случуваат проширени семејства. Тоа неповолно влијае на демографијата на Европа, која старее.
Според „Еурофонд“ младите кои живеат со своите родители многу работи не можат да направат – не можат да го сменат стариот мебел, не можат да поканат пријатели на гости, не можат да одат на летување…
Повеќе од 22 отсто се бори да ги плати сметките или да си купи нова облека. Овој процнет порасна од 16 на 22 од 2007 гоидна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.