| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов во Свети Николе, Пендаровски во Кавадарци, Поповски во Кичево, Халими во Студеничани

Претседателски кандидати 2014

Кандидатите за претседател на Република Македонија и партиите што ги поддржуваат денеска ја продолжуваат предизборната кампања со митинзи и средби со граѓани во повеќе градови и населени места.

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов денеска ќе ги посети Лозово, а потоа ќе одржи митинг во Свети Николе и Чашка.

СДСМ и нивниот кандидат за претседател Стево Пендаровски ќе одржат митинг во Кавадарци, а претходно ќе ги посетат и Демир Капија, Градско, Росоман и Неготино.

Кандидатот на ГРОМ Зоран Поповски ќе ја претстави својата платформа на митинг на плоштадот во Кичево. Претходно тој и претставници на партијата ќе имаат средба со граѓани во Дебар, во Центар Жупа, во село Броштица, во Македонски Брод и во село Сувидол.

Митинг во скопско Студеничани и средби со граѓаните во селата Моране, Количани, Батинци, Цветово и Света Петка ќе одржи ДПА, која ќе го претстави претседателскиот кандидат Илијаз Халими.

ДУИ ќе ја претстави својата кампања „Не за едностран претседател“ во Дебар и во Маврово Ростуше.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top