Преземените реформи во сите сфери се од добробит за сите граѓани на Република Македонија порача денеска лидерот на Коалицијата за подобра Македонија од Струга.
Делата на ВМРО – ДПМНЕ се насочени за подобрување на животот и стандардот на секој граѓанин без разлика на неговата националност а не само за припадници на одредени заедници, порача Груевски.
Субвенциите во земјоделието ги користат и Албанци и Македонци, Турци и Роми, Срби, Бошњаци и Власи и сите оние што живеат во Македонија, изјави Груевски кој наброја голем број на проекти кои се од интерес за сите граѓани без разлика на националноста.
Ниските даноци важат и за Албанците, новата медицинска опрема ја користат сите граѓани. Сите проекти кои што ги спроведуваме немаат еднонационална димензија тие секогаш ќе бидат од интерес на сите без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци и други, рече Груевски објаснувајќи ги делата на неговата влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


