Гибаницата се смета за типично предјадење во Србија. Кај нас се прави и со спанаќ или со месо, но има и слатка варијанта на гибаница – таа со мак. Освен мак, во гибаницата има и ореви, суво грозје, јаболка…
Состојки:
500 грама развлекувани кори
100 грама мак
200 грама шеќер
500 грама изварка
100 грама суво грозје
500 грама јаболка
100 грама ореви
Цимет, ванила, малку кора од лимон
2 дл кисела павлака
2 јајца
Масло за јадење
Подготовка:
Се намачкува емајлирана тава со масло за јадење и во неа се редат кори, кои се филуваат по ред: со фил од ореви, јаболка, изварка, мак и повторно со ореви, јаболка, изварка, мак.
Секоја кора се попрскува со растопена маснотија. На крај гибаницата се полева со павлака и се пече еден час на 180-200 степени во рерна.
Приготвување фил од јаболка: излупените јаболка се сечат на тенки парчиња и малку се динстуваат со шеќер. Потоа се замирисуваат со цимет и со истругана кора од лимон.
Приготвување фил од изварка: изварката се гмечи со виљушка и се додаваат јајцето, киселата павлака, сувото грозје, кое е претходно измиено, и шеќерот.
Фил од ореви: мелените ореви и шеќерот се посипуваат по кората и потоа се прелеваат со павлаката.
Фил од мак: макот со шеќерот се посипуваат по кората и се прелеваат со павлаката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.