| четврток, 6 декември 2018 |

Пре­ку­мур­ска ги­ба­ни­ца

prekmurska_gibanica

Ги­ба­ни­ца­та се сме­та за ти­пич­но пред­ја­де­ње во Ср­би­ја. Кај нас се пра­ви и со спа­наќ или со ме­со, но има и сла­тка ва­ри­јан­та на ги­ба­ни­ца – таа со мак. Освен мак, во ги­ба­ни­ца­та има и оре­ви, су­во гроз­је, ја­бол­ка…

Со­стој­ки:

500 гра­ма разв­ле­ку­ва­ни ко­ри

100 гра­ма мак

200 гра­ма ше­ќер

500 гра­ма из­вар­ка

100 гра­ма су­во гроз­је

500 гра­ма ја­бол­ка

100 гра­ма оре­ви

Ци­мет, ва­ни­ла, мал­ку ко­ра од ли­мон

2 дл ки­се­ла пав­ла­ка

2 јај­ца

Мас­ло за ја­де­ње

Под­го­то­вка:

Се на­мач­ку­ва емај­ли­ра­на та­ва со мас­ло за ја­де­ње и во неа се ре­дат ко­ри, кои се фи­лу­ва­ат по ред: со фил од оре­ви, ја­бол­ка, из­вар­ка, мак и по­втор­но со оре­ви, ја­бол­ка, из­вар­ка, мак.

Се­ко­ја ко­ра се по­пр­ску­ва со рас­то­пе­на мас­но­ти­ја. На крај ги­ба­ни­ца­та се по­ле­ва со пав­ла­ка и се пе­че еден час на 180-200 сте­пе­ни во рер­на.

При­го­тву­ва­ње фил од ја­бол­ка: из­лу­пе­ни­те ја­бол­ка се се­чат на тен­ки пар­чи­ња и мал­ку се дин­сту­ва­ат со ше­ќер. По­тоа се за­ми­ри­су­ва­ат со ци­мет и со истру­га­на ко­ра од ли­мон.

При­го­тву­ва­ње фил од из­вар­ка: из­вар­ка­та се гме­чи со ви­љу­шка и се до­да­ва­ат јај­це­то, ки­се­ла­та пав­ла­ка, су­во­то гроз­је, кое е прет­ход­но из­ми­е­но, и ше­ќе­рот.

Фил од оре­ви: ме­ле­ни­те оре­ви и ше­ќе­рот се по­си­пу­ва­ат по ко­ра­та и по­тоа се пре­ле­ва­ат со пав­ла­ка­та.

Фил од мак: ма­кот со ше­ќе­рот се по­си­пу­ва­ат по ко­ра­та и се пре­ле­ва­ат со пав­ла­ка­та.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top