Цената на ванилата во изминатите две години нагло порасна, така што оваа состојка за десерти, вклучувајќи и ги сладоледите, моментно чини повеќе и од среброто, објави „Би-би-си“.
Килограм ванила чини 600 американски долари, што е повеќе од килограм сребро, пренесува „Вечерњи лист“.
Ванилата најмногу се одглдува на тропскиот остров Мадагаскар, на југоисточниот брег на Африка.
– Главната причина за високата цена е циклонот кој лани во март го погоди Мадагаскар и ги уништи повеќето плантажи. Иако имаше надеж дека цената досега ќе падне, тоа не се случи – изјави Џулијан Гајл, аналитичар на паразарот на суровини.
Станува збор за зачин кој тешко се одгледува. Ванилата е плод од еден вид орхидеја, мала мешунка. Поради тоа ванилата е вториот најскап зачин во светот, зад шафранот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.