| четврток, 6 декември 2018 |

„Афирмираните“ луѓе на листите на СДСМ – стари и компромитирани кадри

nositeli na listi sdsm

 

Кои се „афирмираните“ луѓе на листите на СДСМ? Откако лидерот на опозицијата Зоран Заев и целото раководство на Социјалдемократскиот сојуз решија да избегнат директен дуел на претстојните предвремени избори со премиерот Никола Груевски и со другите носители на листите на ВМРО ДПМНЕ, потегот се обидоа да го оправдаат со „промовирање на нов концепт“ со „афирмирани“ луѓе.

Но, според понудените имиња на листите, СДСМ е далеку од тоа што го претставува затоа што јасно се гледа дека опозицијата сѐ уште не излегла надвор од партиските и бизнис структури за да понуди нови луѓе и да привлече нови гласови. И овој пат од Бихаќка нудат стари и компромитирани кадри, а зад дел од нив се провлекуваат сериозни афери.

 

ИЕ 1

Рената Десковска, носител на листата во Изборната единица 1 е долгогодишен советник и соработник на Бранко Црвенковски. Тој ја постави за потпретседател на партијата, кога доживеа пораз во 2011 и 2013 година. Позната е во СДСМ по френетичното поддржување на сите политики со кои Црвенковски правеше деструкција на правната држава.

Софија Куновска, блиска до банкарското лоби во СДСМ. Беше централен лик во афера која ја открија медиумите откако нејзиното име се поврзуваше со повеќе договори и исплати кои ги правеше со МТВ. Таа беше носител на советничката листа на СДСМ на локалните избори кога доживеа сериозен пораз Јани Макрадули од Коце Трајановски со скоро 40 илјади гласови разлика.

Стефан Богев, претседател на СДММ, еклатантен пример на дете од црвената буржоазија на СДСМ, живее во луксузна куќа во Карпош.

Дуфе Куковски – кадар на ЛДП, кој директоруваше од 2003 до 2005 година заработи кривична пријава од МВР поради злоупотреба на службената положба (потпомогнат од неколку соработници) со проневера на 13.000 евра. И тој е поразен на претходните парламентарни избори кога ЛДП настапи самостојно.

Солза Грчева партиска инсталација на СДСМ во образовниот систем. Се преставуваше како  независна професорка која ја критикуваше власта, потоа се појави на пресови  од ЛДП, за на крај да премине во СДСМ.

Лидија Димова – производ на СОРОС, класична инсталација на СДСМ во невладиниот сектор која претходно го раководеше НВО Македонски центар за европско образование истурена организација на СОРОС. Таа како претседателка на организацијава ќе остане запаметена како “независен” критичар на власта, која повеќе пати даваше изјави дека е независна и нема поврзаност со СДСМ и исто така како претседател на МЦЕО побара од Брисел укинување на парите кои Европската унија ги дава за поддршка на Република Македонија.

Сафет Бишевац – поранешен новинар на А1, скандалозен чекор со кој новинари се редат за кандидати за пратеници. Со тоа се дискредитира и се става под знак прашање целокупната негова мината работа. Од ЗНМ нема никаква реакција.

Кире Наумов – Поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање поставен од Бранко Црвенковски. Тој беше дел од фингираните протести на наводните стечајците организирани од СДСМ.

Нано Ружин – човек кој дваесетина години е во политика, стар кадар од транзицијата на СДСМ, кој потоа премина во ЛДП и после доживеа пораз како кандидат за претседател. Не успеа ниту да влезе во вториот круг.

Анета Симеска, претседателка на ОО на СДСМ во Брод. Таа доживеа пораз на претходните локални избори каде беше кандидат за градоначалник на СДСМ во таа општина. Против неа има тужба за злоупотреба на службената должност, поточно во време кога била претседавач на советот на Општина Македонски Брод фалсификувала потписи за набавка на гориво со државни, општински пари.

Далибор Богдански претседателот на Општинската организација на СДСМ Сопиште кој како прв човек на оваа ОО на СДСМ доживеа порази. Таков е случајот и со Дарко Каевски претседател на ГО на СДММ.

 

ИЕ 2

Петар Шилегов – важи за адвокат на богаташите на СДСМ и близок до Црвенковски. Неговото име деновиве се поврзува со афери за организирано местење на тендери од кој се офајдиле голем број на фирми блиски до СДСМ и раководството, а последниот случај беше што со негов потпис фирмата каде сопственички удел има сопругата на Црвенковски земала тендер иако тоа било спротивно на законот. Дополнително Шилегов беше адвокат каде се појави како бранител на значајни корупциски афери во кои беа вплеткани кадри на СДСМ како што беше аферата Бачило 2.

Љубиша Николиќ – директор на гимназијата во Куманово, послушник и продолжена рака на Циц.

Љубица Буралиева – новинар од МРТВ

Благоја Стојановски – актуелен пратеник, дел од докторското лоби на СДСМ.

Марина Алексовска од Куманово – директорка на градинката „Ангел Шајч“ и продолжена рака на Циц.

Сенад Смаиловиќ – советникот на СДСМ во Општина Бутел. Организационен секретар на СДСМ и човек кој стана познат по насилното уривање на тарабите во Центар и нападот врз полицијата.

Владислав Трајковски – претседател на СДММ Куманово, кој, исто така, важи за продолжена рака на Циц.

 

ИЕ 3

Марјанчо Николов, кој сега ќе ја води листата на СДСМ во оваа Изборна единица, веќе трипати е пратеник од Велес, но сите три изборни циклуси (2006, 2008 и 2011) во својот град ги завршуваше со огромни порази од ВМРО-ДПМНЕ.

Ален Георгиев  – доктор од Штип кој е близок до СДСМ. Дел од партиските инсталации и докторско лоби во здравството, вработeн во болницата во Штип. Иста е ситуацијата и со Јагода Шахпаска следна на листата на СДСМ.

МилеАндонов – досегашен пратеник на СДСМ од Кочани.

Мира Стојчевска – претседателката на ОО на СДСМ од Делчево, претходно кандидат за советник кога СДСМ доживеа пораз на претходните избори во Делчево.

На листите на СДСМ има и стари кадри од партиските структури како Борјанчо Мицевски претседател на ОО на СДСМ Крива Паланка, Зоран Наков претседателот на ОО Свети Николе, и претседателот на ОО Градско, Ангел Јанков.

 

ИЕ 4

Хари Локвенец важи за еден од најбогатите прилепчани кој своето богатство го стекнува во најголема мера за време на транзицијата на СДСМ и Црвенковски. Од прилично анонимен сопственик на мал и скромен бизнис неговото семејство прераснува во едно од најбогатите. Дополнително што Хари Локвенец веќе еднаш доживеа директен пораз на локалните избори  како кандидат за градоначалник на СДСМ за Прилеп што значи дека не ја ужива поддршката во својот роден град и загуби со 8 илјади гласови разлика, а сега е во позиција да ја бара довербата на цела изборна единица во четворката.

Панче Орцев актуелен пратеник поврзан со кланот Заеви- претходно како директор на Комуналец доделувал јавни набавки на фирми од фамилијата на Заев, а Зоран Заев од Општина Струмица доделувал набавки на фирми од фамилијата на Панче Орцев.

Бетијан Китев на последните избори како кандидат за градоначалник на Кавадарци доживеа катастрофален голем пораз.

Милевка Горгиевска – како в.д. директорка на ОУ „Коста Рацин” беше обвинувана за партизирање на училиштето со вработување на членови на раководството од ОО Радовиш.

Марјан Даскаловски – еден од најблиските соработници на Зоран Заев и претседател на ОО на СДСМ Струмица.

Мери Лазарова – претседателката на Општинската организација на СДСМ Валандово.

 

ИЕ 5

Васко Ковачевски од Битола кој како прв човек на социјалдемократите од Битола изгуби  убедливо два изборни циклуси по ред.

Томислав Тунтев– прв човек на СДСМ Охрид , тој како советник  беше главен креатор на политиките на Петрески, главен креатор на донесувањето на штетни одлуки од урбана и финансиска сфера во Охрид и главен креатор на задолжувачките политики на Охрид,

Митре Вељановски– братучед на Бранко Црвенковски.

Аднан Џаферовски– порано вработен во царина (син на Алил Џаферовски, поранешен пратеник)

Дивна Ефтимоска Јовковска од Ресен, актуелен пратеник блиска до Бузлевски.

 

ИЕ 6

Стојко Панувски– кој исто така беше поразен на избори, 3 спрема 1 во корист на Никола Тодоров. Стојко ќе остане запаметен по тоа што беше  „пратеникот од СДСМ Стојко кој од Собраниската говорница побара со ребалансот на Буџетот да се намалат и пензиите, платите и социјалните трансфери“. Неговата изјава – „Ако е криза, нека биде криза за сите. Не, за едни да се крати, а едни да бидат заштитени како бели мечки“ – предизвика лавина реакции кај пензионерите и социјалните случаи за кој Панувоски побара да се скратат примањата.

Благојче Трпевскипретседателот на Општинската организација на СДСМ Гостивар.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top