| четврток, 6 декември 2018 |

Поради кавга за девојка – обид за убиство во Радовиш

ПС „Радовиш“ поднесе кривична пријава за 18-годишн З.Т.од с. Раклиш, Радовишко, за сторено кривично дело убиство во обид.

Минатиот четврток, 20 март, во 13.15 часот, поради претходна расправија околу девојка,  пријавениот со мотоцикл се обидел да го прегази Д.И.(21) од Радовиш.

По кратко време на ул. „Илија Алексов“ повторно го сретнал Д.И. со ножот му нанел четири убодни рани во пределот на рамото, раката и на ногата.

Од страна на судија на пријавениот му е одредна мерка притвор во траење од 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top