| четврток, 6 декември 2018 |

Една лента на автопатот Скопје – Велес е проодна

Екипите на Македонија пат успеаа да оспособат за сообраќај една лента на  втопатот Скопје – Велес по тунелот кај Катланово откако  попладнево нови одрони на земја предизвикаа блокада на автопатот.

Според возачи кои беа  заглавени на автопатот колоната на блокирани возила била долга десетина киломтери а покрај одроните патот бил блокиран и поради верижен судир на неколку возила. според инфорамциите од таму нема жртви на сообраќајниот инцидент.

Автопатот на оваа делница  беше блокиран и вчера поради  одроните од земја и камења.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top