Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека нема да биде никаква голема трагедија доколку неговата земја биде исфрлена од Г-8.
– Доколку нашите западни партнери веруваат дека тој формат преживеал, тогаш ние нема да се придржуваме кон него – истакна Лавров во Хаг, каде што лидерите на земјите од Г-7 се сретнаа без рускиот претседател Владимир Путин.
Г-7 по присоединувањето на Крим кон Русија веќе ги суспендира подготовките за самитот на Г-8, кој требаше да се одржи во јуни во градот Сочи.
Велика Британија ја предупреди Русија дека би можела да се соочи и со трајно исклучување од Г-8 доколку Кремљ преземе „нови чекори“ против Украина.
Лавров додаде дека Крим има право на самоопределување, а руското преземање на полуостровот не било злобна намера, туку со цел да се заштитат Русите кои живеат таму веќе стотици години.
Шефот на руската дипломатија нагласи дека Русија долго им верувала на своите западни партнери и има свое мислење за вредноста на нивните ветувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.