| четврток, 6 декември 2018 |

Заев сигурен во победата, но не ја дава градоначалничката позиција во Струмица

Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз и градоначалник на Струмица, Зоран Заев, деновиве постојано повторува дека е сигурен во победата на неговата партија на парламентарните избори и со тоа влезе во замка, која, веќе вообичаено, сам си ја поставува.

Заев неколку пати порача дека причината за поставувањето на вториот и на третиот партиски ешалон на СДСМ на партиските листи е тоа што кога неговата партија ќе победела, тој и неговите најблиски соработници директно ќе ги преземат врвните позиции во владата.

Доколку Зоран Заев е сигурен во победата на СДСМ на претстојното предвремено изборно соочување, тогаш тој со мирно срце ќе даде оставка од градоначалничката функција во родната Струмица, и со тоа ќе ги охрабри сите свои сопартијци во кампањата.

Со само еден потпис на неотповиклива оставка тој може да ја потврди својата увереност во победа.

Ако навистина толку верува во своите зборови и планира да стане премиер, тогаш уште сега може да го конвертира своето повлекување од Струмица. Освен ако во тоа ни самиот не верува.

Вака, со поставување споредни партиски функционери на листите за пратеници, Зоран Заев, најверојатно, само си купува алиби за речиси извесниот дебакл на неговата партија на изборите.

За разлика од поголем дел од неговите кандидати за пратеници коишто по изборите ќе останат без функција, за него нема зима. Тој ќе може да се врати на сигурна позиција во својот роден град.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top