Сезоната за капење во скопскиот аквапарк ќе почне на 15 мај. Ова го најави Ратко Kапушевски, директор на спортско-рекреативниот центар „Борис Трајковски“, пишува Дневник.
И ова лето цената за влез во аквапаркот останува иста, 300 денари за лице за цел ден, како и илјада денари за цело семејство. И понатаму влезот за децата до четиригодишна возраст е бесплатен, а бесплатно ќе се забавуваат и лицата со посебни потреби.
– Сите посетители при купување билет добиваат алка за која се остава депозит од 100 денари. Таа служи и како клуч за отворање на соблекувалните. При напуштање на комплексот, алката мора да се врати на билетарницата. Забрането е внесување храна и пијалаци, а децата на возраст под 13 години мора да бидат придружувани од лице над 18 години. Исто така, посетителите не смеат да носат накит, се наведува во правилата утврдени од менаџментот – пренесува Дневник.
Во скопскиот аквапарк може да се забавувате на десетте тобогани, базен за деца, базен со бранови, мрзлива река…
Работното време, исто така, останува непроменето. Во паркот ќе може да уживате и да се спремите за лудории вовода секој ден од 10 наутро до 1 часот по полноќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.