| четврток, 6 декември 2018 |

„Доктори“ и Лукијан Ивановиќ испаднаа први

Групата „Доктори“ и Лукијан Ивановиќ се првите кандидати кои го напуштија големото финале. Публиката вечерва гласа уште од почетокот на емисијата. Според првите гласови, понатаму во суперфиналето продолжуваат Тамара Милановиќ,  Маид Хечимовиќ и македонскиот претставник Даниел Кајмакоски.

Следни се нивните настапи со вторите песни, по што повторно следуваат елиминации. Оној со најмалку гласови веднаш ќе го напушти „Икс-фактор“, а последните двајца ќе настапат по третпат, по што следува конечниот резултат.

Погледнете го првиот настап на Даниел тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top