Во дерби дуелот од шпанската Примера дивизија по познато како ЕЛ Класико меѓу тимовите на Реал Мадрид и Барселона како и секогаш така во овој дуел изобилува со голови. На полувремето по два гола во двете мрежи.
Резултатот го отвори Иниеста уште во шестата минута по асистенција на Меси. Реал успеа да ги консолидира редовите и по неколкуте шанси на Бензема кои не успеа да ги реализира успеа да постигне два гола преку францускиот интернационалец кој сепак успеа да постигне два гола во 20 и 24 минута. До крајот на првиот дел Меси по една мешаница во шеснаесетикот на Реал најдобро се снајде и ја затресе мрежата.
Во вториот дел се очекува уште поголема офанзива пред се од Барселона која заостанува четири бода зад Реал до пред ова коло и ако сака да остане во трката за титулата ќе мора да нападне и да проба да ги освои трите бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)