Четниците од Србија, кои заминаа во Крим како волонтери, се бореа и во Босна и Херцеговина за Република Српска, изјави Братислав Живковиќ, еден од четниците во репортажа за „ Vice News“.
Живковиќ на еден од контролните пунктови меѓу Севастопол и Симферопол, со шубара и кокарда го контролира пунктот и возилата што поминуваат.
– Дојдов од Крушевац, од каде и царот Лазар замина за Косово. Тоај е старата престолнина на Србија – вели Живковиќ.
По престојуваат на контролен пункт новинарот зачудено раскажува.
– Ова е најудното нешто што сум го видел. Еден куп српските четници ги проверуваат автомобилите во Крим – вели новинарот.
Четникот Живковиќ потврди дека тој и остатокот од четниците кои се во Крим, се бореле во Хрватска, Босна и Херцеговина и Косово.
На прашањето зошто дошол во Крим, Живковиќ вели дека и руски доброволци се бореле во Босна и во Косово и дека тој и неговите колеги сега дојдоа да ѝ помогнат на Русија.
– Во последната војна во Република Српска имаше многу руски доброволци под команда на војводата Славко Алексиќ. Дојдовме тука за поддршка на референдумот и да ги споделиме нашите искуства – вели Живковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)