| четврток, 6 декември 2018 |

Лино Червар: Благодарам до моите играчи

Играчите се најзаслужни и имам потреба да им кажал фала но и на нашата публика која постигна уште еден рекорд. Имаме најдобра публика со чест и почитување. Кај сите тие луѓе гледам почит кон нас и горд сум на тоа затоа што кај нас најтешко е да се добие почит. Затоа и сме многу одговорни кон нив.

– Знаевме дека Колдинг има одлична одбрана. Со 6:0 игравме 20 минути и тие дадоа само три гола. Ги победивме со нивното оружје. Не издржавме до крај да играме исто, цел месец имаме проблеми со повреди, Атман, Циндриќ, Мојсовски, Вугринец болен и затоа е голема работа што вака добро играме во лигата на шампионите.

_ На сите во клубот, од играчите од јуниорите, управата на чело со Јорданов,  им благодарам што не носеа до победата, на сите им дадовме големо задоволство. Тешко е да се издржи до крај имавме криза, скандинавците не се предаваат никогаш.

Последниот случај со Георгиевски нема да го коментирам, имаме солидна предност но не е се завршено ќе биде многу тешко, Вугринец добро вели, треба да се подготвиме психолошки. Верувам дека можеме да влеземе во четвртифиналето, тоа ќе ми биде најдрага победа но тоа мора да го докажеме на игралиште.

Многу сум горд на моите играчи и на сите вас медиумите без разлика како ќе заврши сезоната.

Станиќ, Вугринец, Миркуловски и многу други па дури и тие што не влегоа се заслужни за победата. Ќе се видиме по Данска, порача тренерот на Металурт Лино Червар кој иако на теренот жестоко реагираше кон судиите и делегатите сепак на прес конференцијата не сакаше да говори за кражбата кон Металург.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top