Словенецот Ренато Вугринец со фантастична реализација и 8 голови е најзаслужен за одличната партија на Металург во првиот меч од осминафиналето на ракометната шампионска лига на стариот континент.
Традиционално одлично изигра од Дарко Станиќ кој имаше 7 интервенции.
Одлично изиграа сите други играчи на македонскиот вицешампион кои во салата Борис трајковски водат голема борба со фаворизираниот гостин од Данска.
За Металург добро е што разочара голманот на Колдинг Каспер кој не само што не ги повтори одличните одбрани од предходните мечеви туку беше сменет од голот на гостите поради тоа што не успеа да фати повеќе од еден шут на домаќините.
Металург на резултат 12:6 имаше контронапад кој го фати гостинскиот голман по што гостите се вратија со 3 гола но сепак на крајот Металург успеа да дојде до 5 голови разлика пред почетокот на вториот дел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


