| четврток, 6 декември 2018 |

Турција собори сириски авион

Во граничниот регион со Турција, каде што бунтовниците се судираат со силите на сирискиот претседател Башар ал Асад, денеска беше соборен сириски авион, јави БТА.

Според официјални турски претставници, турските воено-воздухопловни сили го собориле сирискиот авион откако го нарушил турскиот воздушен простор.

Саудиската телевизија „Ал Арабија“ јави дека турската противвоздушна одбрана соборила сириски авион над пограничниот регион Касаб, на 65 километри од Латакија.

Во регионот на Касаб се водат жестоки судири меѓу владините сили и борците од „Џебат ал Нусра“ и „Исламски фронт“, кои навлегуваат од турска територија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top