Францускиот мотоциклист Томас Буржан загина на релито Дакар 2013 по трагичен судир со едно полициско возило Несреќата се случи вчера, а официјалните лица од најтешкото рели на светот информираа дека инцидентот се случил на стартот на седмата етапа на Дакар 2013 кога Буржан возејќи го својот мотор од Калама до Анди се судрил со возило на полицијата на Чиле кое одело во спротивна насока. Во текот на седмата етапа рели атракцијата Дакар се сели од Чиле во Аргентина.
За 25 годишниот Томас Буржан инаку ова беше првиот Дакар во кариерата , по 6 етапи трагично загинатиот Французин беше на 68 место. Тој е третата жртва на годинешното рели.
Претставникот на македонскиот мото клуб Александар, Бугаринот Тодор Христов ја напушти трката во Квад поради технички проблеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Несреќа во Германија, најмалку 11 луѓе се повредени при судир на воз и камион
-
Ало, вашата ќерка е мртва: Потресни исповеди на семејствата на настраданите во верижниот судир!
-
Шестчлено семејство од Шведска доживеа сообраќајка на патот Охрид – Кичево
-
Трактор во кој имало четири деца тргнал сам по удолнина, едно дете (10) загина на место


