| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ преку порталите си создава алиби за поразот

vmro-dpmne-sdsm
СДСМ продолжува директно и преку своите портали да создава алиби за поразот на претстојните избори, обвинуваат од владејачката партија.
Секојдневно лицемерно критикуваат и плачат за таканареченото почнување на кампањата, а самите фактички реализирале предвремен почеток на кампања.

– Тие, всушност, секој ден презентираат мерки како ветување за изборите, го презентираат својот претседателски кандидат, а денес ќе ги презентираат и кандидатите за пратеници. Но, опозициските портали за тоа не известуваат, туку заедно со СДСМ се обидуваат од секоја ситница да креираат оправдување за своите слаби резултати. СДСМ и своите портали, буквално, плачат секој ден. Дволичноста на СДСМ и нивните портали е видлива на секој нивни настан и напишан текст – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top