| четврток, 6 декември 2018 |

Билбао се зацврсти на четвртата позиција

Атлетик Билбао синоќа на домашен терен го совлада тимот на Хетафе со резултат од 1-0.

Баскијците ја оправдаа улогата на фаворити, но до победата дојдоа потешко отколку што очекуваа. Гостите пружија тежок отпор, но на крајот од првото полувреме Сусаета го постигна победничкиот гол за Билбао, со што им ги донесе трите бода.

На другите завршени натпревари од 29. коло во шпанското фудбалско првенство постигнати се следниве резултати: Гранада – Елче 1:0, Еспањол – Леванте 0:0, Валјадолид – Рајо Валјекано 1:1 и Селта Виго – Малага 0:2.

Дербито на колото е вечерва во Мадрид, каде што лидерот Реал е домаќин на шампионот Барселона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top