| четврток, 6 декември 2018 |

Голем број од улиците во Струмица се со нови табли и броеви

Поставувањето на новите броеви и табли со имињата на улиците во Струмица се одвива според планираната динамика, што значи една третина од градот

strumica

Според Кирил Парталов секретар на општина Струмица, од почетокот на јануари годинава кога почна реализацијата на овој проект, досега целосно обележани се објектите на 50 улици од вкупно 143.

Во подготовка се уште 30 улици за кои се отпечатени таблите и броевите кои во наредниот период ќе бидат поставени на објектите, а до крајот на март оваа активност ќе биде целосно завршена.

Во населените места ќе се постават само нови броеви на објектите, бидејќи во нив не постои уличен систем.
– Општина Струмица максимално се труди да ги задржи истите броеви на куќите кои што се регулирани во регистарот на општина Струмица, што значи се трудиме на луѓето да не им ги промениме броевите за да не мора да ги менуваат документите што ги има едно домаќинство, како што се лични карти, здравствени легитимации и слично. Значи нема да има промени, а сите куќи и објекти кои немаат броеви ќе ги добијат, исто така новоизградените објекти ќе бидат обележани со додавка, односно со додавка на соседниот објект, ако соседниот објект го носи бројот 2, новиот објект ќе го добие бројот 2А  за да не дојде до последователна промена на сите останатите објекти кои што се во регистарот на објекти на општината, вели Кирил Парталов секретар на општина Струмица.

Инаку, според законот граѓаните се должни да го обележат својот објект, но наместо нив, со одлука на Советот овој проект го реализира општина Струмица која за оваа намена од сопствениот буџет одвои 5,5 милиони денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top