| четврток, 6 декември 2018 |

Снег, ветар, ниски температури

snegВремето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од снег проследени со засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус еден до три, а дневната од минус еден до четири.  Во Скопје претпладне со врнежи од снег и засилен северозападен ветер. Попладне врнежите ќе престанат и облачноста ќе се намалува.  Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи на еден степен.

Утре во попладневните часови врнежите од снег насекаде ќе престанат, а во северните делови ќе има и извесно намалување на облачноста. Ќе има преодно стабилизирање со сончево време преку денот, но и натаму со ниски утрински температури.

Од понеделник следува период на променливо облачно и потопло време со повремени врнежи од дожд

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top