| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК денес треба да го заклучи избирачкиот список

dik-novi-2

Државната изборна комисија најдоцна денеска треба да го заклучи избирачкиот список за претседателските избори закажани за 13 април, по што ќе се знае на точната бројка на граѓани со право на глас на овие избори. Кампањата за претседателските избори почнува в понеделник, на 24 март.

На вториот круг од изборите, на 27 април се закажани и предвремените парламентарни избори. Имајќи предвид дека кампањата за овие избори почнува на 5 април, молкот по одлука на ДИК ќе биде на 12 и на 13 април.

Листите на кандидати за пратеници овластените претставници на предлагачите до ДИК треба да ги достават најдоцна до 29 март.

На 25 март, пак, завршува рокот за собирање потписи за предлагање на листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија, од група избирачи. Потписи од група избирачи може да се собираат и пред овластено лице во дипломатско – конзуларните претставништва на земјава.

Од 16 март почна да тече дваесетдневниот увид во избирачкиот список за предвремените парламентарни избори во подрачните одделенија и месни канцеларии на ДИК. Истовремено тече рокот и за увид во избирачкиот список и за пријавување на дијаспората за гласање или за запишување, дополнување или бришење на податоците од избирачкиот список. Двата рока истекуваат на 30 март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top