Суетата и личните конфликти меѓу Македонците во Србија придонесоа дијаспората да го загуби единствениот пратеник не само во Србија туку и воопшто во сите соседни земји на Македонија. Откако лидерот на Српската напредна партија, Александар Вучиќ, реши да не кандидира припадници на малцинствата, Демократската партија на Македонците во Србија не одговорила навреме на понудата на Социјалистичката партија на премиерот Ивица Дачиќ и пропуштила можност да влезе во парламентот. Македонската партија имала можност да биде меѓу 30 кандидати на листата на Дачиќ што, со оглед на 34 пратеници на неговата партија, ќе гарантираше мандат за Македонците во Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.