| четврток, 6 декември 2018 |

Руски мултимилионер во бегство откако ја претепал девојката

pretepana devojka1

Рускиот мултимилионер Павел Ушанов (33), директор на телекомуникацискиската компанија „Девино Телеком“ е во бегство, откако ја претепал девојката Александра Сареда (27) и тоа до непрепознатливост.

Тие биле заедно две години, но Александра одлучила да го напушти младиот милионер.

Кога му ја соопштила одлуката, тој толку се разбеснил и почнал да ја тепа. Таа тврди дека крвнички ја тепал со раце и нозе десет минути.

Александра во еден момент успеала да ја отвори вратата и да побегне од станот. Отишла во полиција да го пријави нападот, а Ушанов исчезнал.

Полицијата распиша потерница за Ушанов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top