Обвинувањето на Лидија Димова дека наводно сме исплатиле 3 милиони евра кон една странска компанија е неосновано, груба дезинформација и ноторна лага, што говори за немањето кредибилитет и конзистентност во нејзините и во ставовите на СДСМ, рече портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев, реагирајќи на тврдењето на Димова.
– Не три милиони евра, туку ниту еден денар нема Владата исплатено кон странската компанија која беше посочена. Госпоѓата Лидија Димова излажа дека сме префрлиле 3 милиони евра кон една странска компанија. Разбираме дека нема познавање во областа на привлекување странски инвестиции и затоа со чувство на фобичност гледа на нашите заложби за привлекување странски инвеститори, се излетува и манипулира со податоци. Но тоа не може да биде оправдување за тоа што говори невистини и пласира дезинформации во јавноста – изјави попладнево владиниот портпарол.
Додаде дека Димова денеска заборавила да истакне дека Владата уште вчера соопштила дека уредно и навремено ги презела сите процесни претпоставки во врска со разгледувањето на овој случај, како и дека посветено се бори за секоја инвестиција и за секое новоотворено работно место.
– Бидејќи Димова нема искуство во оваа област, не може да разбере дека ние посветено се бориме за секое новоотворено место, за секоја странска инвестиција, какви што досега има 20 и 20 останати се очекуваат да дојдат во оваа година. Досега преку странските инвестиции се отворени шест и пол илјади работни места и се очекува во 2014 преку нив да бидат отворени уште 10.000 работни места – рече Ѓорѓиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ванковска: Според Уставот, за одлука за стапување во сојуз или заедница треба 900 илјади гласа „за“
-
Ѓорѓиев: Скапаа доматите од годинешната реколта, а Заев и Димитров не успеаја да испорачаат реформи за преговори со ЕУ
-
ВМРО-ДПМНЕ: Заев денес призна дека ќе се смени и името на сите државни институции, МАНУ, личните карти, пасошите
-
МИОА: Работевме во екстремно кратки рокови и ова беше единствен начин Македонија да биде домаќин на Дигиталниот самит