На средбата, граѓаните ги поздравија тековните владини проекти, чија цел е натамошен развој на Струмица и на регионот.Во тој контекст беше посочена тековната изградба на Tехнолошко-развојната економска зона во Струмица, каде што е во тек изведбата на внатрешната инфраструктура.
Изграден е магистралниот пат кон Радовиш, во должина од 10 километри, а извршена е реконструкција на регионалниот пат од Струмица до Дојран, во должина од 24,7 километри. Дополнително, планирано е постојната делница од Струмица до Штип, преку Радовиш, да прерасне во експресен пат.
Во Општата болница во Струмица е извршена реконструкција на постојниот оперативен блок, со која се изврши функционално подобрување на просторот, со бруто-површина од 187 м2. Предвидена е реконструкција на постојната зграда во која ќе се смести ургентен центар, гинекологија, оперативен блок и останати одделенија.
Во градот е почнато возобнувањето на стариот театар.
За време на посетата на Струмица, претседателот Иванов се сретна со претставници на Здружението на пензионери од овој град.
Струмичките пензионери пред претседателот Иванов ги претставија своите согледувања за севкупните состојби во државата.
На средбата претседателот Иванов ја пренесе својата отвореност за проблемите и потребите на старите лица. Во тој контекст ја искажа својата поддршка за реализација на Националната стратегија за стари лица во Република Македонија, која опфаќа проширување на правото на здравствена заштита кон постарите генерации, постепено зголемување на пензиите, реформи во здравството и неговата модернизација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Актерите од „Забрането смеење“: Публиката да се впушти во една театарска авантура
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме





