| четврток, 6 декември 2018 |

Поддршка за Иванов во Струмица

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ја посети Струмица, каде што се сретна со локалните жители и поразговара за тековниот живот во градот.strumica-ivanov1На средбата, граѓаните ги поздравија тековните владини проекти, чија цел е натамошен развој на Струмица и на регионот.
Во тој контекст беше посочена тековната изградба на Tехнолошко-развојната економска зона во Струмица, каде што е во тек изведбата на внатрешната инфраструктура.strumica-ivanov2

Изграден е магистралниот пат кон Радовиш, во должина од 10 километри, а извршена е реконструкција на регионалниот пат од Струмица до Дојран, во должина од 24,7 километри. Дополнително, планирано е постојната делница од Струмица до Штип, преку Радовиш, да прерасне во експресен пат.
Во Општата болница во Струмица е извршена реконструкција на постојниот оперативен блок, со која се изврши функционално подобрување на просторот, со бруто-површина од 187 м2. Предвидена е реконструкција на постојната зграда во која ќе се смести ургентен центар, гинекологија, оперативен блок и останати одделенија.

strumica-ivanov3

Во градот е почнато возобнувањето на стариот театар.
За време на посетата на Струмица, претседателот Иванов се сретна со претставници на Здружението на пензионери од овој град.
Струмичките пензионери пред претседателот Иванов ги претставија своите согледувања за севкупните состојби во државата.

strumica-ivanov4

На средбата претседателот Иванов ја пренесе својата отвореност за проблемите и потребите на старите лица. Во тој контекст ја искажа својата поддршка за реализација на Националната стратегија за стари лица во Република Македонија, која опфаќа проширување на правото на здравствена заштита кон постарите генерации, постепено зголемување на пензиите, реформи во здравството и неговата модернизација.

strumica-ivanov5

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top