| четврток, 6 декември 2018 |

Извлечени двојките за четврт-финале во ЛШ: Реал Мадрид – Борусија Дортмунд, Манчестер јунајтед – Баерн

Во Нион денеска се одржа ждрепката за четврт-финалето на Лига на шампиони, во кое сите четири дуели ќе бидат вистинско дерби со оглед на тоа дека првпат во историјата меѓу најдобрите осум се најдоа осумте победници од групите.

Ова се натпреварите што ќе ги гледаме во следната фаза од најелитното натпреварување во Европа:

Барселона – Атлетико Мадрид

Реал Мадрид – Борусија Дортмунд

ПСЖ – Челси 

Манчестер јунајтед – Баерн Минхен

Првите натпревари ќе се одиграат на 1 и на 2 април, а возвратните дуели се закажани за 8 и за 9 април. Финалето ќе се одигра на 24 мај во Лисабон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top