Становите од високите зони во населбите Аеродром и Ново Лисиче денеска од 9 часот се без вода.
Центарот за управување со кризи на Град Скопје информира дека причината за тоа е отстранување дефект на улицата „Христо Татарчев“, кај последната постојка на линијата 24.
Жителите на овие населби ќе останат без вода до завршувањето на интервенцијата од страна на екипите на „Водовод и канализација“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.