| четврток, 6 декември 2018 |

Миомир Серафиновиќ награден за текст за Армијата

miomir

Новинарот на Канал 5, Миомир Серафиновиќ ја доби втората награда на конкурсот на Министерството за одбрана за известувањето за пилотскиот центар на воениот аеродром Петровец.

По повод 20 години од АРМ, МО организираше конкурс за новинарски стории за Армијата и одбраната во Р.М.

Беа доделени 3 награди за новинари и 3 награди за фото – репортери.

Прилогот на Миомир Серафиновиќ ја доби втората награда на конкурсот.

Наградениот прилог со наслов „ Една дама и три мажи во првата пилотска генерација во Македонија “ ја опиша обуката на првата генерација на пилоти во центарот на воениот аеродром Петровец.

Првата награда од 30 000 денари ја доби Свето Стаменов од македонското радио, а третата награда Арбен Зекири од Коха.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top