Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ќе ја предводи кандидатската листа на партијата во шестата изборна единица, тетовско-гостиварската. Демократската унија за интеграција ги дефинираше кандидатските листи за претстојните предвремени парламентарни избори. Според договорот, досегашната пратеничка Ермира Мехмети ќе биде носител во првата изборна единица (скопската).
Во втората изборна единица (кумановската) листата ќе ја предводи Реџаил Исмаили, во третата носител ќе биде Беџахудин Шехапи, а во петтата – Муса Џафери, објавија од ДУИ.
Партијата нема да истакне своја кандидатска листа во четвртата изборна единица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.