| четврток, 6 декември 2018 |

Четири лица повредени утрово во сообраќајка во Битола

Четири лица завршија во битолската болница утрово кога младо момче загуби контрола над својот автомобил и налета на нив.

Сообраќајната незгода се случила на Ат-пазар, спроти приградската автобуска станица, кога момчето со своето возило „ситроен“, од непознати причини, изгубило контрола и се удрило во една од локалните сендвичарници и во четирите лица кои во моментот се нашле на местото. Сите повредени се пренесени во болницата со скршеници, пренесува локалниот веб-сајт „Шеталиште“.

Покрај сендвичарницата, оштетен е и дел од поштата што се наоѓа таму.

Засега сѐ уште не е познато дали момчето било под  дејство на алкохол и зошто загубило контрола над возилото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top