| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев даде гол и излезе, Наполи испадна (видео)

Горан Пандев постигна гол за Наполи во осминафиналниот двомеч со Порто во Европа Лигата на УЕФА, но нема да ги продолжи натпреварите, бидејќи неговиот тим испадна.

Македонскиот фудбалер стрелаше прецизно во 21. минута, а излезе од игра по нешто повеќе од еден час, при резултат 1-0 за Наполи. По неговото излегување од теренот, Порто со два гола направи пресврт, со што си обезбеди пласман понатаму, иако Запата израмни на 2-2 во судиското продолжение. Тоа не беше доволно за пласман во четвртфиналето за тимот од Неапол, поради поразот во Португалија од 0-1 во првиот меч.

Резултати: Наполи – Порто 2-2 (0-1 прв меч), Салцбург – Базел 1-2 (0-0), Бетис – Севилја 0-2 (2-0, Севилја се пласира во 1/4 финалето на пенали).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top