Јувентус се пласираше во четвртфиналето на Европа Лигата на УЕФА со победа од 1-0 во реваншот против Фиорентина, а Андреа Пирло уште еднаш потврди дека е велемајстор за слободни удари. Во 71 минута ветеранот погоди за триумф на старата дама, а Јуве мина понатаму со вкупен резултат 2-1. И викендов што измина на сличен начин со прекрасен погодок од слободен удар Пирло му донесе победа на Јувентус од 1-0 против Џенова.
„Црно-белите“ со триумфот во Фиренца останаа во игра за трофејот во ЛЕ, а финалето ќе се игра на нивниот терен во Торино.
Во останатите реванш дуели што се играа од 18 и 19 часот немаше изненадувања, а понатаму минаа екипите што имаа поволен резултат по првиот меч.
Резултати: Фиорентина – Јувентус 0-1 (прв меч 1-1), Анжи – АЗ Алкмар 0-0 (0-1), Бенфика – Тотенхем 2-2 (3-1), Плзењ – Лион 2-1 (1-4) и Валенсија – Лудогорец 1-0 (3-0).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


